Останати спортови

Најголемиот кошмар на секој спортист: Гимнастичарка ги скрши двете нозе

8. април 2019 - 14:22 | А.С.

Саманта Серио, гимнастичарка од Универзитетот Оберн, преживеа страшна повреда од која стравува секој професонален спортист.

Серио се обиде да направи тежок гимнастичарски маневр, но не „слета“ како што планираше и при падот ги скрши двете нозе.

*ВНИМАНИЕ: Содржината на видеото може да ве вознемири

Иако нејзината гимнастичарска кариера е завршена, Серио се покажа како голем спортист.

„Тоа беше тешко за гледање“, рече нејзиниот тренер Џеф Граба.

„Таа е неверојатен борец. Последното нешто што ми го рече пред да ја однесат со амбулантното возило беше: ‘Оди помогни им на друите девојки во натпреварот’“.

Засега е познато само дека ѝ се скршени двете нозе и дека ги дислоцирала двете колена. Подоцна на Instagram Серио напиша дека тоа било нејзиниот „последен настап како гимнастичарка“, што значи дека повредата што ја здоби ќе ја спречи да ја продолжи професионалната кариера.

Серио, студентка на катедрата за вселенски инженеринг, се заблагодари на Универзитетот и на тимот за сѐ што направиле за неа и за искуството и спомените.

Коментирај