Живот

Најголемиот заводник во историјата добива музеј во родниот град

2. март 2018 - 10:52 | М.Д.

Иако не страда од недостаток на музеи, Венеција наскоро ќе добие уште еден – посветен на познатиот писател и уште попознатиот љубовник без конкуренција Џакомо Казанова.

Шест простории од Фондацијата „Казанова“, од 2 април ќе бидат отворени за јавноста.

Посетителите во музејот ќе имаат прилика да дознаат повеќе за животот и времето во кое живеел славниот Казанова (1725-1798), на кого преку изложбите во музејот му се оддава почит.

„Казанова беше голем мислител, писател и филозоф, кој, не со право, во историјата остана забележан првенствено како голем заводник на жени“, изјави основачот на фондацијата Карло Луиџи Пароди.

Казанова од родниот град бил протеран во 1782 година, откако објавил сатирично дело во врска со љубовниот живот на припадниците на високата социјална класа во Венеција.

Коментирај