Најголемите маани на воздушните знаци: Близнаци, Вага и Водолија

Хороскопскиот знак на кој припаѓате според Зодијакот не може целосно да ве дефинира, но може да каже многу за вас.

Покрај заедничките доблести кои ги красат припадниците на секој знак, имаме и маани и негативни страни што ги делиме со другите луѓе кои припаѓаат на истиот хороскопски знак како нас.

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Воздушните знаци  - Близнаци, Вага, Водолија - се сметаат за знаци со мисловна енергија.

Воздухот е недопирлив и невидлив елемент. Воздухот може да го распали огнот, да ги расфрли камењата, да ги разбрани водите. Со други зборови, најблиску ги допира останатите три елементи.

Близнаците ја смислуваат идејата, Вагата ја премерува идејата, Водолијата ја спроведува.

Покрај сите нивни атрибути и доблести, припадниците на овие знаци имаат и негативни карактеристики.

БЛИЗНАЦИ

1) Не може да се потпрете на нив, може да се премислат во последен миг.

2) Секој ден, а некогаш и секој миг, мора да ги анализирате како се расположени за да знаете како да се поставите со нив.

3) Шармираат лесно и умешно, а ретко го исполнуваат ветеното.

4) Брзо им досадува сѐ, па може да се чувствувате како да не сте им забавни, ни потребни.

5) Ништо не завршуваат до крај.

ВАГА

1) Вагите добро знаат што сакате да слушнете, па често знаат да кажат нешто што не го мислат.

2) Сакаат игри, да наградуваат и казнуваат, а се и вешти манипулатори, особено како партнери.

3) Лесно може да се свртат против вас ако им згрешите, одмаздољубиви се.

4) Опседнати се со надворешниот изглед и често го бараат тоа „совршенство“ и од партнерите.

5) Не се упорни, ни истрајни, освен ако немаат корист од тоа. Често се жалаат, ако има кој да ги слуша.

ВОДОЛИЈА

1) Водолиите живеат во свој свет, па често делуваат дистанцирано и незаинтересирано.

2) Сакаат да држат предавања бидејќи се убедени дека знаат сѐ.

3) Имаат многу пријатели, но ретко имаат другари. Како партнер на Водолија, ќе запознавате многу луѓе и може да се чувствувате вишок во нивно друштво.

4) Тврдат дека се либерални и прогресивни, а нивната тврдоглавост и непоместливи ставови ги прави да делуваат многу конзервативно.

5) Секогаш ќе знаете што мислат, но не и што чувствуваат.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе