Најголемите маани на земјените знаци: Бик, Девица и Јарец

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода.

Хороскопскиот знак на кој припаѓате според Зодијакот не може целосно да ве дефинира, но може да каже многу за вас.

Покрај заедничките доблести кои ги красат припадниците на секој знак, имаме и маани и негативни страни што ги делиме со другите луѓе кои припаѓаат на истиот хороскопски знак како нас.

Земјените знаци се сметаат за знаци со приземна енергија. Земјата е цврст елемент, материја што може да се фати, за разлика од огнот, воздухот или водата. Земјата е отпорна на огнот, воздухот не ја придвижува, но затоа водата може да ја натопи.

Сите земјени знаци ги ценат нештата со смисла, го ценат видливото, материјалното, она што може да се допре, да се види, да се чуе или да се вкуси. Тие стојат цврсто на земја, практични се и конструктивни.

Покрај сите нивни доблести, земјените знаци имаат и свои карактеристични маани на кои би можеле да поработат за да не ги оддалечуваат луѓето околу нив.

БИК

1) Не очекувајте да победите во расправија со Бикови, бидејќи се многу тврдоглави. Не попуштаат, ни во ситуации кога не се во право.

2) Мрзливи се кога станува збор за обврски во домот.

3) Нивните желби и потреби секогаш се на прво место.

4) Знаат да бидат многу здодевни и да влезат во рутина.

5) Тешко се отвораат и зборуваат за своите чувства.

ДЕВИЦА

1) Девиците претеруваат во анализирање и осудување на туѓото однесување.

2) Секогаш очекуваат другите да бидат иницијатори, и во работата и во врските.

3) Тешко комуницираат и по расправија знаат да се однесуваат како мали деца.

4) Иако се пожртвувани, често се несигурни и очекуваат другарите/партнерите да им дадат сигурност, но нема директно да ја побараат.

5) Ако не живеете по строгите, перфекцонистички правила на Девицата, ќе приговара секој ден додека не попуштите.

ЈАРЕЦ

1) Работата секогаш им е на прво место, пред партнерот и семејството.

2) Сакаат сѐ околу нив да е под нивна контрола.

3) Често не можат да се опуштат и да бидат спонтани, поради што врската со нив може да стане здодевна и предвидлива.

4) Ги анализираат и памтат сите ваши грешки и никогаш ништо нема да ви заборават.

5) На нивниот став не може да се влијае, ви останува само да се прилагодите. Ако сакате.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе