Во истражувањето што го спроведе сајтот за резервација на авионски карти Just The Flight идентификувани се 21 тип на иритантни патници. Анкетата покажува дека дефинитивно најнепосакувани патници се оние кои непријатно мирисаат, како и оние кои туркаат со колената или пак го удираат седиштето од позади, пишува Lonely Planet.
Високо на листата котираат и родителите кои не можат да ги смират своите деца, како и патниците кои се поднапиле малку повеќе.
Нервоза предизвикуваат и патниците кои премногу ги спуштаат седиштата, па не им оставаат доволно место на патниците зад нив, а во истата група влегуваат и оние кои со лактите ги узурпираат наслоните за рацете.
Уште неколку од непријатните патници се оние што слушаат премногу гласна музика, ги вадат кондурите и ги креваат нозете горе, како и оние што не престануваат да зборуваат.
Истражувањето траело три месеци, а во него учествувале 5.000 луѓе.