Најлош пласман на Македонија на ФИФА листата

Квалификациските порази против Израел и Италија и го донесоа на фудбалската репрезентација на Македонија најлошиот пласман на ФИФА ранг листата. Македонија на најновата листа на ФИФА се наоѓа на 155 место, најлошо во нејзината фудбалска историја.

Поразите во октомврискиот квалификациски циклус, од Израел (1-2) и Италија (2-3), придонесоа фудбалската репрезентација на Македонија да назадува девет позиции на ФИФА листата и од денеска таа да се наоѓа на 155 место.

Пред Македонија се наоѓаат егзотични земји, каде фудбалот нема традиција (Гренада, Сао Томе и Принципе, Порто Рико, Маурициус, Лесото, Либан, ...).

Доколку, пак, би се направила само европска листа, зад Македонија има само седум репрезентации: Косово (164), Молдавија (173), Малта (178), Лихтенштајн (183), Сан Марино (201), Андора (203) и Гибралтар (205).

Од противниците во квалификациската група за пласман на Светското првенство, Шпанија напредуваше едно место, Италија ја задржа позицијата од претходното рангирање, Албанија назадуваше за седум, а Лихтенштајн за едно место, додека Израел забележа скок од 19 позиции.

Шпанија е 10-та и е најдобро рангирана во квалификациската група, а потоа следуваат Италија (13), Албанија (47), Израел (79), Македонија (155), Лихтенштајн (183).

На  врвот е Аргентина, па следуваат Германија и Бразил кои напредуваа за по едно место и се на позициите два и три, Белгија е четврта и бележи пад за две места, а Колумбија е петта откако загуби една позиција. Во Топ 10 уште се Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе