Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?
Црвениот тепих на доделувањето на Оскарите е секогаш полн со холивудски сјај и гламур, а нашите омилени ѕвезди блеснуваат во најдобро светло што можат. Црвениот тепих на Оскарите оваа година беше полн со уникатни трендови. Имаше многу бои, многу смели принтови и смели структурни, архитектонски парчиња облека.
Многу ѕвезди успеаја добро да ги извлечат овие трендови, но секако, на секој црвен тепих секогаш има некои ѕвезди кои се најлошо облечени.
Годинава имаше доста модни ризици кои не се исплатеа - од чудни силуети и принтови до комбинации што нè натераа да прашаме: „Кај ви беше паметот?“ Можеби имаше многу победници на овогодинешните Оскари, но кога станува збор за модата, некои стајлинзи беа тотални губитници.
Аријана Гранде ги подели модните критичари со нејзиниот изглед - едни сметаат дека креацијата е смела, други дека волуменозната тоалета ја „голтна“ пејачката со ситна градба.