Најлошите навики со кои го уништувате автомобилот и си го празните паричникот

Да се ​​биде сопственик на автомобил не е лесно. Треба да се однесувате одговорно кон него, за да ви трае и да ве служи долго време.

Многу возачи свесно или несвесно стекнуваат лоши навики кои се всушност најголемите грешки кои може да им се удрат од глава. Тогаш обично најмногу страда вашата банкарска сметка, бидејќи секое невнимание и небрежност ќе и платите двојно.

Ова се најлошите навики со кои го уништите вашиот автомобил:

Ја игнорирате ламбичката check engine

Индикаторот check engine не е минлива и безопасна ламбичка која случајно се активирала на вашата инструмент табла. Секојпат кога ќе се активира, потребно е да се обрне посебно внимание на тоа, бидејќи игнорирањето на ова предупредување може да резултира со скапи поправки.

Нередовна замена на маслото и филтерот

Моторното масло за колата е важно како крвта за човечкото тело. Клучно е за правилно работење и во никој случај не е препорачливо да се надмине фабрички пропишаниот интервал за замена.

Многу луѓе мислат дека единственото нешто што е важно е да има доволно масло, без да се земе предвид дека својствата на маслото се намалуваат со текот на време.

Заменувањето на филтерот е подеднакво важно, бидејќи спречува нечистотија да навлезе во виталните делови на моторот.

Ја занемарувате состојбата на гумите

Хроничниот недостиг на пари е најчестата причина зошто многу возачи не се грижат за староста и состојбата на гумите, туку се фокусираат само на длабочината на профилот/шарата.

Безбедноста на возењето во голема мера зависи од состојбата на вашите гуми, а состојбата на гумата е директно поврзана со возраста, длабочината на профилоти пропишаниот притисок.

Го скокате интервалот за сервис

Производителот со причина го пропишал распоредот на сервисите и обемот на работи што се извршуваат на овие сервиси, па затоа нема никаква смисла да импровизирате по ова прашање.

Инженерите кои работеле на развој на одреден модел на автомобил се добро запознаени со проектираната издржливост на одделните склопови, па доколку сакате да избегнете непријатни изненадувања, држете се до она што го пропишале професионалците.

Лоша хигиена во автомобилот

Уште од рана возраст, нè учат дека чистотата е половина здравје. Истото важи и за автомобилот.

Одржувањето на хигиената ќе ви се врати повеќекратно. Полесно е да се забележат неправилности на каросеријата и исклучително е важно навремено да се отстранат сите штетни честички што би можело да му наштетат на возилото.

Ова особено се однесува на темелното перење по зимскиот период, кога многу празнини се полни со сол со која се посипуваат патиштата, а која при повисоки температури го нагризува лакот и со тоа овозможува прогресија на корозијата.

Исто така е важно навремено да се отстранат остатоците од измет од птици, како и смола и други лепливи материи од растително потекло што можат да ја оштетат бојата на автомобилот.

Немарно возите

Без оглед какви се условите за возење на патот, автомобилот секогаш треба да се третира со внимание и почит.

Сите ненадејни потези, тркање на ладен мотор, правење шкрипки, дрифтање, беспотребно нагло сопирање, неодбегнување дупки и нерамнини... сево ова му штети на вашиот автомобил.

Немарниот возач со ваквиот пристап повеќекратно и непотребно ја зголемува потрошувачката на сите витални склопови и трајно му нанесува штета на автомобилот.

Разликите можат да бидат толку големи што автомобил со 100.000 поминати километри со таков возач може да биде во полоша состојба од истиот модел со поминати 300.000 километри, но во рацете на совесен и добар возач.

Дали Вие правите некоја од грешките наведени овде?

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе