Свет

Најмалку 20.000 жени и девојчиња се жртви на шверц со луѓе во Нигерија

23. јануари 2019 - 8:54 | МИА
Aбуџа, 23 јануари 2019 (МИА) – Дваесет илјади жени и девојчиња веројатно се жртви на шверцери со луѓе и се префрлени од Нигерија во Мали каде се држени во затворени места пред да бидат принудени на проституција.

Ова го изјави шефицата на нигериската Агенција за борба против илегална трговија со луѓе Џули Оках-Донли која прецизира дека тоа е воочено за време на мисија во јужниот дел од Мали минатиот месец. Го откриле заеднички тимови на Националната агенција за забрана на трговијата со луѓе и на Меѓународната организација за миграција.

Десетици жени и девојки биле вратени во изминатите месеци од реонот Кангаба во јужниот дел од Мали. Тимот што отишол таму за да спроведе истрага открил уште стотици други, изјави Оках-Донли.

Во најнаселенета африканска држава речиси 70 отсто од 90 милиони население живеат со помалку од два долара на ден. 

Коментирај