Најмалку 72 лица загинаа, а над 150 се ранети во експлозија на бомба вечерва во суфиски храм на југот на Пакистан.
Експлозијата се случила во градот Сехван, 200 километри североисточно од Карачи.
Нападот го извршил бомбаш самоубиец кој влегол во храмот и го активирал експлозивот меѓу верниците, изјави полициски извор. Храмот бил преполн со луѓе, бидејќи во четврток вечер верниците се собираат на молитва.
Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Пакистан неделава е погоден од серија бомбашки напади за кои одговорноста ја презедоа домашните талибани.
Најтешкиот напад се случи во понеделникот во Лахоре, каде што имаше 13 мртви. Шест луѓе загинаа вчера во серија бомбашки напади во Пешевар.