Најмалку седуммина загинати во пожар во Сеул

Сеул, 9 ноември 2018 (МИА) – Најмалку седум лица загинаа, а 11 други се повредени денеска при пожар во преноќиште во центарот на јужнокорејскиот главен град Сеул.

Лекарски извори соопштија дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем, бидејќи дел од повредните лица се наоѓаат во критична состојба.

Според сеулската противпожарна служба, пожарот избувнал во 5 часот по локално време (полноќ по средноевропско време) на последниот кат од трикатната зграда на преноќиштето.

За гаснење на огнот на пожарникарите им биле потребни околу два часа.

Очевидци изјавија дека огнот избувнал во една соба во близина на скалите на преноќиштето и брзо се проширил, поради што лицата што биле сместени на третиот кат не можеле да го напуштат објектот.

Зградата немала автоматски систем за гаснење пожар, како ни други противпожарни уреди. За време на избувнувањето на пожарот во преноќиштето имало околу 50 гости.

Јавното обвинителство на Јужна Кореја веднаш започна истрага за случајот.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе