Авто новости

Најмоќен, најбрз и најекономичен RAV4 во историјата

21. ноември 2019 - 20:57 | А.С.

Toyota во Лос Анџелес ја покажа хибридната верзија на својот најпопуларен SUV. 

RAV4 Prime за 2021 година е напредна верзија на стандардната варијанта и е најмоќниот, најбрзиот и најекономичен RAV4 направен досега.

Хибридниот погон е базиран на RAV4 Hybrid, но со поснажен електромотор и поголем капацитет на литиум-јонската батерија.

Има 2,5-литарски четирицилиндарски агрегат со 178 коњски сили и максимален вртежен момент од 228 Nm, но во комбинација со електромоторот развива вкупно 306 кс.

RAV4 Prime забрзува од 0 до 100 км/ч за само 5,8 секунди, а автономијата само на електричен погон изнесува над 60 километри со едно полнење.

Возилото е опремено со греачи на предните седишта и 8-инчен мултимедијален систем со Amazon Alexa, Android Auto и Apple CarPlay системи.

Коментирај