Чек дис аут

Најмоќната електрична јагула пронајдена во Амазонија

11. септември 2019 - 9:43 | М.С.

ДНК истражувањето открива дека во амазонскиот залив живеат два нови вида на електрични јагули, вклучувајќи ја и едната која ослободува големо количество на електрична енергија, поради што е прогласена за најмоќна во светот.

Ова откритие е доказ за разновидниот животински свет во амазонската прашума. Многу видови кои живеат тука се сè уште непознати за научниците, па заради тоа е важно овие предели да се истражуваат, пишува Guardian.

„Покрај сето влијание на човекот на амазонската прашума во последните 50 години, ние сè уште откриваме нови џиновски видови на електрични јагули, рече зоологот и главниот истражувач Давид де Сантана.

Електричната јагула е инспирација за дизајнот на првата електрична батерија.

Коментирај