Социјалната мрежа за споделување на фотографии и видеа, Instagram, ја објави статистиката за годинава што изминува. Подолу прочитајте кои се најпопуларните личности и најлајкуваните фотографии и видеа на Instagram.
Убедливо најпопуларна личност на оваа социјална мрежа е пејачката и актерка Селена Гомез, која има 103 милиони следбеници. Според податоците, 50 милиони од следбениците ги добила токму оваа година, од кога и се зголеми популарноста. Исто така, таа сè уште ја има најпопуларната фотка на Instagram, фотографија од кампања за Coca-Colа, со 5,9 милиони лајкови.
Всушност, топ 10-те најпопуларни фотки на Instagram за оваа година им припаѓаат токму на Гомез и на фудбалерот Кристијано Роналдо - таа има осум, тој две во топ десетте.
Најпопуларните 10 личности на оваа социјална мрежа се:
1. Селена Гомез – 103 милиони следбеници
2. Тејлор Свифт – 93.6 милиони
3. Аријана Гранде – 89.6 милиони следбеници
4. Бијонсе – 88.9 милиони следбеници
5. Ким Кардашиан – 87.8 милиони следбеници
6. Кристијано Роналдо – 82.3 милиони следбеници
7. Кајли Џенер – 79.5 милиони следбеници
8. Двејн Џонсон – 71 милиони следбеници
9. Ники Минаж – 69 милиони следбеници
10. Кендал Џенер – 68.9 милиони следбеници.
Селена Гомез е исто така личноста со најпопуларно видео на Instagram.