Најтешката работа на светот
Компанијата American Greetings реши да го сврти вниманието на една многу важна работа што ја работат милиони жени, а не се смета за професија. За да дојдат до вистината, тие кажаа лага.
Организираа лажно интервју за работа во кое опишуваат кои се квалификациите потребни за ова работно место, кои се должностите и очекувањата, и секако – платата.
Изгледајте го видеото до крај и кажете ни дали се согласувате дека ова е најтешката работа на светот?