Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Консумирањето шеќер во големи количини е штетно за човечкото тело, бидејќи го зголемува ризикот од многу болести. Дополнителен проблем е што шеќерот почесто може да се најде во намирниците кои не се нужно слатки, па затоа е важно да се внимава на составот на одредени производи.

Во овој поглед, важно е да знаете кога вашето тело ви испраќа сигнали дека консумирате премногу шеќер. Нутриционистката и авторка на книгата „The Sugar Detox: Lose Weight, Feel Great and Look Years Younger“ (Шеќер детоксикација: Ослабете, чувствувајте се одлично и изгледајте години помлади“, Брук Алперт, и лекарката Ребека Казин предупредуваат на овие знаци на прекумерно внесување шеќер.

Постојано копнеете за благо

Шеќерот предизвикува зависност, па веројатно ќе сакате да го јадете во неограничени количини. Ова не е само затоа што вашите пупки за вкус се адаптирале и ви направиле сè повеќе да ви треба истиот вкус, туку и затоа што шеќерот ве возбудува по што следува пад, исто како вистинска дрога.

„Со тоа што јадете диета богата со шеќер, предизвикувате хормонален одговор во вашето тело, кој е како бран, се кревате, потоа паѓате, а тоа прави вашето тело да сака повеќе шеќер“, вели нутриционистката Алперт.

Се чувствувате тромо во текот на денот

Откако шеќерот го предизвикува почетниот скок на инсулинот и енергијата, тој предизвикува и неизбежен пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога консумирате премногу шеќер, има подеми и падови на енергија. Премногу шеќер, исто така, значи дека веројатно не јадете доволно протеини и влакна, и двете важни хранливи материи за одржлива енергија.

Кожата ви пука

Д-р Ребека Казин објасни дека некои луѓе се чувствителни на скокови на инсулин поради внесот на шеќер, што може да предизвика нарушување на хормоните, што може да доведе до појава на акни или розацеа. Знаците на прекумерно консумирање шеќер може да се појават на вашето лице за само неколку дена.

Многу сте нерасположени

Падот на шеќерот во крвта може да предизвика промени во расположението и да ве натера да се чувствувате нервозни. Ако вашата енергија исто така слабее, ова само придонесува за лош став.

Сте се здебелиле

Вишокот шеќер е вишок калории, а бидејќи нема протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Исто така, го стимулира ослободувањето на инсулин, хормон кој игра голема улога во зголемувањето на телесната тежина и дијабетесот. Кога јадеме шеќер, панкреасот ослободува инсулин, кој го транспортира шеќерот до нашите органи за да може да се користи за енергија.

Кога јадете премногу шеќер, на вашето тело му се кажува да произведува повеќе инсулин, а со текот на времето ова прекумерно производство може да доведе до отпорност на инсулин. Отпорноста на инсулин значи дека нашите тела не можат правилно да реагираат на нормални количини на инсулин и затоа не можат правилно да го користат шеќерот.

Имате премногу кариес

Кога бактериите ги нагризуваат честичките од храната меѓу забите, се создава киселина која предизвикува кариес. Нашата плунка сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но консумирањето шеќер може да влијае на pH вредноста и да го наруши природниот екосистем. Ова им дава шанса на бактериите да напредуваат и да се размножуваат, што доведува до расипување на забите.

Вашиот мозок има тенденција да се замаглува

Маглата која обично се јавува после оброк е симптом на низок крвен шеќер. Кога јадете многу шеќер, нивото на шеќер во крвта наместо постепено брзо се зголемува и опаѓа.

Ништо не е толку слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува вашите пупки за вкус да станат потолерантни на шеќер, па затоа ви треба сѐ повеќе шеќер за да ја задоволите вашата желба за благо. Меѓутоа, ако на почетокот го намалите и толерирате, со текот на времето повторно ќе ја намалите толеранцијата и ќе се задоволите со минимална количина на шеќер.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more
 

Магазин

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе