Здравје

Намирници кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта

12. септември 2019 - 11:24 | М.С.

Холестеролот е супстанца која се наоѓа во сите ќелии во нашето тело, а најчеста причина за висок холестерол е нездравиот начин на живот. Меѓутоа, постојат намирници кои треба да ги внесете во исхраната доколку сакате да го намалите нивото на холестерол.

Холестеролот е невидлива закана. Нутриционистот и педагог Насрин Џафер, објаснува зошто не секогаш забележувате дека имате проблем со холестеролот.

„Нема многу видливи знаци дека имате висок холестерол. Еден вообичаен знак се масните наслаги кои се појавуваат во близина на очите, а често се случува пациентите да откријат дека имаат висок холестерол откако ќе им се појават проблеми со срцето“.

Поради тоа, таа препорачува да проверувате крвна слика барем еднаш годишно, за да го утврдите нивото на холестерол.

Ова се некои од состојките кои се препорачуваат да ги консумирате доколку имате висок холестерол.

Домат

Доматот изобилува со ликопен, кој го намалува нивото на холестерол. За периодот што следува може да направите сос од домати за тестените.

Зелен и црн чај

Зелениот чај помага за намалување на нивото на холестерол. Зелениот чај се подготвува од неферментиран лист, а црниот чај од ферментирани листови од истата билка. Во чајот се наоѓа катехин, вид на антиоксидант кој е корисен за организмот.

Бадеми

Секојдневно консумирање на бадеми влијае позитивно на здравјето на срцето. Бадемите го намалуваат нивото на холестерол од 3 до 25 проценти.

Јаболко

Едно јаболко има четири грама влакна, што може да помогне во намалување на холестеролот. Јаболката се полни со растворливи влакна што е добро за елиминирање на непотребните маснотии од телото.

Леќа

Растворливите влакна во леќата формираат леплива супстанца на која се впива холестеролот.

Коментирај