Актерскиот пар Наоми Вотс и Лив Шрајбер, е последната славна двојка која се разделува. Парот беше во невенчана врска 11 години, од која имаат два сина.
„Последниве неколку месеци дојдовме до одлуката дека најдобар начин да продолжиме како семејство, е да се раздвоиме како пар. Едвај чекаме со голема љубов, почит и пријателство да продолжиме да ги воспитуваме нашите деца“, пишува во соопштението, во кое на крај парот замолува за почит на правото на приватност, нивната и на децата.
Токму оваа недела парот присуствуваше на премиерата на нивната спортска драма „The Bleeder“, на фестивалот во Торонто. Овој филм е последна од нивните бројни филмски соработки изминативе години.