Свет

Напад со натриум-хидроксид во кинеска градинка, повредени 51 дете

12. ноември 2019 - 18:12 | МИА

Пекинг, 12 ноември 2019 (МИА) – Најмалку 51 дете и тројца воспитувачи се повредени во градинка во југозападна Кина, откако напаѓач ги испрскал со натриум-хидроксид. Две лица се тешко повредени.

Според кинеската новинска агенција Xīnhuá (新华), инцидентот се случил вчера попладне по локално време во градот Каијуан, во провинцијата Јунан.

Напаѓачот идентификуван како Конг (23), уапсен е еден час по нападот. Полицијата соопшти дека со овој напад тој сакал да се „одмазди на општеството“.

Натриум-хидроксид, познат и како „каустична сода“ или „камена сода“, се користи за производство на голем број производи, меѓу кои и сапун, хартија и различни бои. Изложеноста на „камена сода“ може да доведе до изгореници или иритација на очите и кожата, а можни се и алергиски реакции.

Коментирај