СЕРИЈА А 2023/2024

Наполи го размонтрира Сасуоло

Филип Здравески
/ 28.02.2024 / 20:41

Во заостанатиот натпревар од 21. коло вечерва Наполи на гостински терен го торпедираше Сасуоло совладувајќи го со 6:1.

Почетокот навестуваше нов неуспех за актуелниот шампион откако Србинот Урош Рачиќ ги доведе домашните во водство по 17 минути игра.

Но, потоа „Партенопеите“ се разбудија и потсетија на оној тим кој жареше и палеше низ Чизмата лани.

Прво Амир Рахмани израмни во 29. минута, а по две минути Виктор Осимхен се погрижи за пресврт. Нигерискиот голгетер на 4 минути пред паузата зголеми на 1:3 откако Матео Политано во вторпат му намести.

Само што почна вториот дел, во 47. минута Осимхен прослави хет-трик. Четири минути подоцна пукна петарда на „Мапеи“ кога во листата на стрелци се запиша и грузискиот бисер, Хвича Кварацхелиа.

Во 75. минута конечните 6:1 ги постави Кварацхелиа со својот втор гол.

И покрај победата, Наполи остана на 9. место на табелата, но сега со 40 бодови, колку шпто има и осмиот Лацио. Сасуоло останува во зоната за испаѓање со 20 бода, колку што имаат и Каљари и Верона.

Вечерва од 20:45 се игра и другит заостанат натпревар од 21. коло, а на „Џузепе Меаца“ лидерот Интер ја пречекува Аталанта. Двата натпревара беа одложени поради настапите на Интер и Наполи во Суперкупот.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more
 

Спорт

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе