Живот

Напорни и тешки: Хороскопски знаци со кои тешко се излегува на крај

19. ноември 2019 - 10:18 | Б.С.Б.

Иако можеби на прв поглед не делуваат така, за овие четири знаци важи дека тешко се излегува на крај. Комуникацијата со нив е тешка, а разбирањето уште потешко.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор:

Овен

Припадниците на овој знак умеат да бидат исклучително напорни поради нивното однесување, насочено кон барање внимание од другите. Склони се да направат драма, да манипулираат, да глумат жртва, па дури и да се однесуваат сексуално заводливо за да придобијат луѓе.

Рак

Раковите во нивните жолти минути можат да стекнат многу непријатели, а луѓето попрво би избегале од нив отколку да ги трпат нивните екстремни промени на расположение, тешкотии во контролирањето на бесот и моменталната параноја.

Вага

Иако важат за големи дипломати и се еден од најдруштвените знаци, сепак Вагите имаат многу мрачна црта поради која многумина ги избегнуваат. Тие се склони на пасивна агресија. Тоа подразбира контрадикторни чувства во моменти на стрес.

Риби

Премногу се чувствителни и повлечени, но тешки за поднесување ако ги фати меланхолија. Тогаш се претерано чувствителни на секој облик на критика, пасивни се, неодлучни и полни со комплекси.

Коментирај