Новиот уред наречен Naptime е наменет за оние кои сакаат краток одмор во текот на денот, зголемена концентрација, подобро расположение и повисока продуктивност. EEG сензорите на уредот ги надгледуваат мозочните активности во текот на спиењето, така што Naptime ќе ве разбуди во вистинското време, поточно во лесната фаза на сонот и целосно ментално ќе ве освежи.
Бенефитите од кратките одмори преку ден се најразлични, а секојдневното спиење преку ден, во траење од половина час може да ви помогне во подобрување на учењето.
Naptime е направен од мемориска пена со милијарди честички чувствителни на температура и со 3D дизајн, што остава доволно простор за очи, така што не се чувствува притисок.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=vva7FDojlPQ]