Напуштен брод полн со кокаин се појави кај Маршалските Острови

Брод на духови, кој со години талкал по Пацификот, се појавил кај Маршалските Острови полн со кокаин.

Напуштениот брод, според неговата состојба, веројатно минал години талкајќи по брановите на Тихиот Океан пред да пристигне во водите на оваа островска република. Првичните проценки велат дека бродот веројатно потекнува од другата страна на Пацификот, од некоја од државите во Јужна или Централна Америка.

Ричард Хиксон, кој е јавен обвинител во Маршалските Острови, вели дека на бродот долг 5,5 метри пронашле дури 649 килограми кокаин скриени под палубата.

Дрогата била во пакети од по 1 килограм секој означен со буквите KW. Локалната полиција веќе ја запалила претаката освен два пакета кои ќе бидат предадени на Американската агенција за дрога каде ќе бидат анализирани.

Интересно, ова не е прв пат ваков товар од Америка да се појави на Маршалските Острови. Често пати жителите на оваа мала република во Океанија налетуваат на пакети со дрога во нивните води. Но, последниов товар е дефинитивно најголем.

А, пак, во 2014 година рибарот Хосе Алваренга од Ел Салвадор се појавил на Маршалските Острови откако 13 месеци претходно заедно со пријател биле по риба во Мексико и струјата ги одвлекла. Неговиот другар починал во текот на патешествието.

Компјутерска симулација открива дека струјата навистина мое да пренесе брод од Централна и Јужна Америка преку целиот Тихи Океан сѐ до островите на Микронезија и Полинезија.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе