Наредба за истрага за две лица за кривично дело – трговија со дете

Скопје, 3 мај 2019 (МИА) – По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведена е истражна постапка против две лица, македонски државјани, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – трговија со дете.

Во текот на месец април годинава, во село Бучим, радовишко, првоосомничениот, кој е малолетник, со употреба на сила, измама и присилба, искористувајќи ја немоќта на жртвата, ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на присилен брак. Тој, заедно со второсомничениот кој знаел за возраста на девојчето, претходно се договориле за сума од 1.600 евра да му ја донесе својата роднина.

„На 17-ти минатиот месец, првоосомничениот го земал девојчето и го однел на договореното место каде второосомничениот ја исплатил побараната сума и го повел со себе девојчето кое пружало отпор при што врз него употребил физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба“, соопшти Јавното обвинителство.

Девојчето искористило момент и избегало, по што се јавило на домашните со кои подоцна го пријавила настанот во Полициската станица Радовиш.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил Предлог за определување на мерка притвор за двете осомничени лица.

Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството и со решение за едниот осомничен изрече мерка притвор во траење од 30 дена, додека за малолетникот се изречени мерки на претпазливост од страна на судијата за малолетници.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе