Народна банка: Колку поблиску до Европа – толку поголеми странски инвестиции

Скопје, 11 мај 2019 (МИА) – Забрзувањето на процесот на интегрирање во Европската Унија и членството во НАТО може да донесе бројни придобивки за нашата економија. Искуствата на економиите кои веќе минаа низ овој процес покажуваат дека зголемувањето на извесноста за побрзо приклучување во ЕУ е исклучително важен и позитивен сигнал за перспективите на една економија каква што е нашата.

Тие посочуваат дека овој процес делува врз забрзување на нето-приливите од странски инвестиции, кои  во одредени години достигнуваат во просек и близу 8 отсто од БДП, информираат од Народната банка.

Конкретно, како што посочуваат од НБ, искуствата на дел од земјите од регионот, кои веќе се членки на европското семејство потврдуваат дека самиот процес на приближување кон ЕУ е важен механизам за побрзо и поефикасно зајакнување на фундаментите на економиите и намалување на нивните премии за ризик.

„Во текот на процесот, перцепциите на инвеститорите за овие земји значително се подобруваа, давајќи импулс за поголеми странски директни инвестиции во попродуктивни сегменти, обезбедувајќи со тоа побрз економски раст, како и реална конвергенција и поголема отпорност на економиите на шокови. Иако специфичностите на економиите во секоја од овие земји не се идентични, и иако глобалното окружување во периодот на нивната интеграција во ЕУ беше поповолно од денешното, нивните искуства се показател за потенцијалните поволни ефекти врз инвестициите и растот, коишто забрзувањето на процесот на интеграција во ЕУ може да ги донесе за македонската економија“, велат од Народна банка.

Оттаму оценуваат дека доколку дојде до забрзување на евроинтегрирањето на нашата земја, согласно овие искуства, може да се очекува повисок прилив на странски директни инвестиции кај нас, а тоа би довело и до бројни позитивни ефекти врз повеќе сегменти на нашата економија. Поради мултипикативниот одраз кој го има повисокиот прилив на странски инвестиции, позитивните ефекти би се почувстувале не само во екстерниот, туку и во монетарниот и во реалниот сектор – во економијата во целина.

Истовремено, искуствата од регионот покажуваат дека во просек, странските директни инвестиции како процент од БДП се удвојуваат по влезот на земјите во НАТО, достигнувајќи и двоцифрено учество во БДП кај некои економии.

„Mожностите за забрзување на евроатлантските интеграции не се вградени во најновото макроекономско сценарио на Народната банка. Доколку се остварат овие можности, како и доколку и оваа година продолжи трендот на висок прилив на странски директни инвестиции од минатата година кога беше достигнато ниво од речиси 6 отсто, Народната банка ќе ги ревидира своите проекции во нагорна насока“, велат од Народната банка.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе