Наука

НАСА: Фотографија од месечините на Сатурн

16. октомври 2015 - 10:36 | Д.П.

НАСА објави фотографии од неколку природни сателити на Сатурн, во кои се гледаат познатите прстени на планетата, како и деталите на една од месечините.

На една од фотографиите се гледаат месечините Пандора и Мимас кои во целост се разликуваат една од друга иако двете орбитираат околу иста планета. Пандора е широка околу 80 километри во пречник и има неправилен облик, додека Мимас има пречник од 396 километри и стандардно сферична форма.

Покрај оваа фотографија, НАСА објави и фотографија од деталите на површината на Енкеладус, а фотографиите се дело на леталото Касини.

Леталото во текот на фотографирањето било на околу 781.000 километри од Пандора (помалото небесно тело на фотографијата). Во последната средба на Касини со оваа месечина, која треба да се случи на 19 декември, леталото ќе треба да открие колку топлина доаѓа од внатрешноста на природниот сателит, а снимањето ќе го направи од височина од само 5.000 километри.

Коментирај