НАСА го објави првото 8K Ultra HD видео од вселената
Мал број на луѓе имаат шанса да ја видат вселената во целата нејзина слава, а дури и тие се одбрани по долги процедури и тренинзи. За сите останати патувачкото искуство ќе остане само сон, но НАСА понуди алтернативен начин да се доживее вселената.
НАСА го објави првото 8K Ultra HD видео снимено од Меѓународната вселенска станица (ISS) кое покажува ураган, Месечината, па дури и неколку научни експерименти во сосем ново светло. Видеото беше снимено со помош на Helium 8K камера.