Првиот електричен X-авион на НАСА, X-57 Mod II пристигна во Истражувачкиот центар за летови Армстронг, каде наскоро ќе започне со серија ригорозни тестови.
X-авионите се експериментална платформа која НАСА ја користи за тестирање и развивање нови технологии.
По тестирање на Земјата како испитување на моторот, електричниот и електронскиот систем, авионот ќе добие крила и потоа со него би требало да полетаат двајца пилоти. По сите тие тестирања НАСА имаат намера да ги објават резултатите од истражувањето и да ги дадат на користење на растечкиот пазар на електрични авиони.
Засега не е познато кога би можело да се види електричниот авион на НАСА на небото.
„X-57 Mod II го одбележува почетокот на новата фаза во овој проект за електричен X-авион“, вели водачот на проектот Том Ригни.