НАСА: Марс не може да биде погоден за живот

Хјустон, 31 јули 2018 (МИА) - Една од амбициите на Илон Маск, но и на човештвото воопшто, е еден ден Марс да биде погоден за живот. И тоа не со херметички затворени комплекси, туку со атмосфера како оваа на Земјата.

Сепак, според ново истражување на научници од НАСА, тоа не е можно, пишува списанието „Нејчр“.

Марс има водени испарувања и јаглероден диоксид во количества, што можат да предизикаат затоплување на планетата. Но, тоа може да се покаже како недоволно за создавање услови за живот каков што има на Земјата.

За тоа влијаат повеќе фактори, како што е недостигот на други гасови, неопходни за затоплување на Црвената Планета, смета Брус Жакоски, раководител на новиот труд. Освен тоа, атмосферскиот притисок таму е само еден отсто од тој на Земјата, а атмосферата исто така е неопходна за покачување на температурите на ниво доволно високо за да се задржи водата во стабилна течна состојба.

- Марс не може да биде прилагоден со сегашната технологија. Анализите покажуваат дека дури и при оптимални услови на искористување на јаглеродниот диоксид, тоа ќе ја затопли планетата само за 5 отсто од потребното, објаснува Жакоски.

Научниците ја разгледуваат и опцијата за „внесување" на потребните гасови преку пренасочување комети и астероиди кон Марс. Но, за тоа се потребни илјадници такви вселенски тела и тоа ја прави замислата непрактична.

Затоа, засега очекувањата се дека првиот чекор треба да биде изградба на научно-експерименталните бази на нашата соседна планета.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе