Американската вселенска агенција НАСА објави ново видео од Сонцето, во висока резолуција. Според објаснувањето под видеото на 17 април годинава на Сонцето се забележани сончеви блесоци кои предизвикале радио прекини.
Снимката е направена од Соларната Динамична Опсерваторија на НАСА, каде научниците ги проучуваат активните региони кои имаат силни магнетни полиња, за подобро да ги разберат сончевите ерупции и нивното создавање.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Ski2JSA-Xh0]