НАСА: Откриен нов сончев систем, услови за живот има на три планети

Барем три планети од новооткриениот сончев систем кој се наоѓа на 39 светлосни години од Земјата, имаат услови за развој на живот, објави НАСА. Астрономите во тој сончев систем во чиј ценар е ладната џуџеста ѕвезда TRAPPIST-1 регистрирале дури седум планети кои се со големина како Земјата.

Шест од планетите се во зоната на температура од 0 до 100 степени целзиусови, а за барем три од нив се верува дека можат да имаат океани, што ја зголемува шансата за постоење на живот.

Ниту еден друг досега познат сончев систем нема толку многу планети со големина слична на нашата Земја.

Британскиот астроном Др. Крис Копервит, од Ливерпул Џон Мурс Универзитетот, кој бил еден од лидерите на интернационалниот тим, вели дека ова откритие е многу важно за идните истражувања.

„Откритието на повеќе камени планети со температури кои овозможуваат постоење на вода во течна форма го прават овој систем многу интересен за следните истражувања во потрагата по живот“ - вели тој.

Според научниците од НАСА, сите седум планети се наоѓаат во заклучена орбита, слично како што Месечината е заклучена со Земјата. Тоа значи дека едната страна од планетите постојано е свртена кон својата ѕвезда и на неа постојано е ден, додека другата страна е во вечен мрак.

Траењето на една година за сите седум планети е исклучително кратко, од еден ден до најмногу 20 дена.

Планетите се именувани по телескопот TRAPPIST, кој прв ги регистрирал во мај минатата година, па се познати како TRAPPIST-1b, TRAPPIST-1c, TRAPPIST-1d, TRAPPIST-1e, TRAPPIST-1g и TRAPPIST-1g, а последната и најдалечна е TRAPPIST-1h.

Првите три планети ги открил тој телескоп, а телескопот Spitzer и пет други телескопи биле користени за детектирање на остатокот од системот.

Во последните години егзопланетите се веројатно најинтересниот сектор од астрономијата.

Она што го прави ова откритие посебно е големиот број на планети со услови за живот откриени во конкретниот систем, што ги мотивира научниците да продолжат во потрагата за планети на кои би можело да има вонземски живот.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе