НАТО ги предупреди Москва и Минск да не се закануваат на членките на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги предупреди Русија и Белорусија да не се закануваат на членките на Северноатлантскиот сојуз откако белоруските власти насилно приземјија патнички авион што леташе во рамките на ЕУ, се вели во соопштението објавено денеска.

„Секако, во итен случај, ние сме подготвени да го заштитиме и одбраниме секој сојузник од каква било закана што доаѓа од Минск и Москва“, изјави Столтенберг за весникот Welt am Sonntag.

Тој додаде дека тие „многу внимателно“ следат што се случува во Белорусија.

„Белорусија станува сè позависна од Русија“, рече Столтенберг и додаде дека НАТО е „сериозно загрижен за тесната соработка меѓу Москва и Минск во последните месеци“.

„Од минатото мораше да научиме дека Русија масовно го крши територијалниот интегритет на земји како што се Украина, Грузија и Молдавија“, рече Столтенберг.

Сепак, тој истакна дека НАТО е одбранбен сојуз.

Пред две недели, белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди авион на „Рајанер“, кој летал на релација Атина – Вилнус, да слета во Минск.

Белорускиот новинар и критичар на Лукашенко, Роман Проташевич и неговата девојка Софија Сапега, кои биле во авионот, се уапсени и се уште се во притвор.

ЕУ реагираше со воведување санкции кон Белорусија, додека рускиот претседател Владимир Путин го прими Лукашенко на разговори и рече дека Москва ќе ја поддржи Белорусија со заем од 500 милиони долари. Путин, исто така, ја истакна неговата постојана поддршка за Лукашенко во спорот со Западот. 

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе