НАТО и Boeing потпишаа спогодба од една милијарда долари

Брисел, 27 ноември 2019 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и претседателот на Boeing, Сер Мајкл Артур денеска потпишаа нов договор во висина од една милијарда долари за модернизирање на разузнавачката флота на Алијансата.

Станува збор за четврта надградба на тој тип авиони на НАТО откако првпат беше склучен договорот со Boeing во 1977 година. Со модернизирањето на флотата, Алијансата е обезбедена во оваа област до 2035 година, порача генералниот секретар.

Разузнавачките авиони на НАТО учествуваат во бројни операции на Алијансата, како на пример во војната против Исламска држава.

Новиот договор вклучува 14 нови авиони и е финансиран од 16 земји-членки на НАТО како и приватни компании од Европа и Северна Америка.

– НАТО од блиску ќе работи со индустријата, ќе разгледуваме како технологиите, како вештачката интелигенција, автономните системи и големите податоци, можат да му помогнат на НАТО да остане на врвот, изјави Столтенберг и посочи дека Алијансата размислува за модернизација на флотата по 2035 година.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе