Натпревар вреден шест милиони долари: Кој суперавтомобил произведува најдобар звук?
Што се случува кога шест суперавтомобили ќе се натпреваруваат кој од нив испушта најдобар звук? Некои тоа би го опишале како бучава, но за љубителите на автомобили тоа е музика за нивните уши.
YouTube каналот DragTimes објави видео во кое шест суперавтомобили ги одмеруваат силите кога е во прашање звукот кој го произведуваат. Во видеото можат да се видат моделите Bugatti Chiron, Ford GT (2005), Ford GT (2018), McLaren 720S, Ferrari 458 Speciale и Lamborghini Urus. Вкупната вредност на овие шест автомобили е околу шест милиони долари.
Откако ќе ги преслушате сите „мелодии“ на овие автомобили, пишете ни кој е вашиот фаворит во коментарите.