„Online Grooming“ – реална закана со ужасни последици

Научете како да ги заштитите вашите деца од педофилите на интернет

Он-лајн комуникацијата за децата и тинејџерите претставува една од најбитните работи на интернет, особено на социјалните мрежи и апликациите за chat. Таа претставува можност за отворен разговор, создавање на нови пријателства и „мешање“ со толпата. Но, проблемот настанува кога луѓето со кои децата мислат дека разговараат всушност не се тие кои се претставуваат. Тука се „предаторите“ кои ги користат алатките за комуникација со единствена цел – да ја искористат желбата за социјализација на вашите деца. А ова претставува причина за загриженост.

Подготовката за напад или „Online Grooming” претставува однапред осмислена акција за спријателување и воспоставување на емоционален контакт со децата на интернет, со цел нивна подготовка за сексуално искористување. Сторителот речиси секогаш се претставува како некој друг со цел да ја придобие довербата на детето и да го намами на средба во вистинскиот свет. Последиците од ова се ужасни. Online grooming-от e директно поврзан со уште една интернет закана – сексуалните пораки (sexting) – каде криминалците воспоставуваат комуникација со децата со цел да добијат сексуално експлицитни фотографии и видеа.

Анкетата на Kaspersky Labs открива дека речиси 90% од децата на училишна возраст добиваат барања за пријателства од непознати на социјалните мрежи, а речиси половина од нив ги прифаќаат таквите барања, па дури и самите испраќаат барања за спријателување до непознати.

Повеќето деца сметаат дека тие ќе останат безбедни се додека не комуницираат со возрасни, но ова е погрешна претпоставка затоа што секој може да се претстави како секого на интернет. Иако ова е очигледно, речиси една третина од тинејџерите признаваат дека прифатиле состанок со виртуелни пријатели.

Некои пак, сметаат дека избегнувањето на средба во живо е клучот на безбедната он-лајн комуникација со непознати лица. Ова е исто така грешка, затоа што развојот на технологијата значи дека децата и тинејџерите можат да бидат сексуално злоупотребени дури и доколку не постои директна средба.

Он-лајн комуникацијата не само што им овозможува на криминалците да се сокријат зад лажен идентитет, туку и да го добијат тоа што го сакаат брзо и ефикасно. Не е никаква тајна дека интимните конверзации се развиваат многу побрзо он-лајн отколку во живо, дури и помеѓу врсниците. Како резултат на ова, децата се склони да прават работи на интернет кои никогаш не би ги направиле „оф-лајн“, како на пример – испраќање на разголени фотографии на луѓе кои одвај ги познаваат.

 На пример, при крајот на 2015 година во Уругвај беше уапсен поранешен полициски службеник, кој се претставувал како тинејџерка на Facebook и склучувал „пријателства“ со тинејџери на возраст од 10 до 16 години. По придобивање на нивната доверба, тој барал (и добивал) голи фотографии од жртвите.

Во денешно време речиси секој уред им вградена камера, а фотографии и видеа се испраќаат преку секоја апликација за комуникација. Ова значи дека контактот во живо воопшто не е потребен за да се придобијат интимни слики од деца. Помеѓу другото, педофилите најчесто добро ја разбираат детската психологија, па многу лесно можат да ги убедат своите жртви дека „нема ништо лошо“ во тоа што го прават. Овие фотографии и видеа можат да станат дел од „личната колекција“ на педофилот, но многу често се случува да се појават и на интернет страници кои служат за дистрибуција на детска порнографија.

Постојат случаи и кога пријателски настроени „менаџери на модни агенции“ воспоставуваат контакт со деца и тинејџери. Ова не значи дека секогаш станува збор за мажи, затоа што и „жените“ исто учествуваат во овој бизнис. На пример, постојат случаи во кои малолетни девојки испраќаат фотографии во долна облека до вакви „менаџери“, кои наводно се претставници на одредени модни агенции – само за потоа да ги уценуваат своите жртви со цел да придобијат повеќе разголени фотографии.

Што може да сторите во врска со ова?

Доколку вашето дете е веќе жртва на „grooming“или „sexting“ – не се двоумете да го пријавите случајот во полиција, затоа што разрешувањето на овие случаи е дел од нивната работа. Доколку имате впечаток дека тоа нема да помогне и дека криминалецот нема никогаш да биде пронајден – променете го размислувањето и помислете на сите деца кои биле жртви или може да станат следни жртви.

Со цел да ги одбегнете овие закани, препорачуваме да се придржувате до овие правила:

•  Научете го вашето дете, на што помала возраст, дека не треба да разговара или да ја отвора вратата на непознати личности: објаснете му дека овие правила се однесуваат и во дигиталниот свет. Доколку ја научи лекцијата, вашето дете треба да стане свесно за заканите и да одбива директен контакт со непознати и на интернетот;

•  Разговарајте со вашето дете за потенцијалните закани кои ги носи он-лајн комуникацијата и договорете се за тоа како треба да реагира во одредени ситуации;

•  Објаснете му дека во ниту еден случај не смее да испраќа разголени фотографии на никого, дури и на најдобрите пријатели. Профилите на пријателите може да бидат пробиени, а испратените фотографии да се искористат од напаѓачот. Направете паралела со вистинскиот свет и објаснете му дека таквото однесување е многу слично на „стоење без облека во јавност“;

•  Станете пријател со вашето дете на социјалните мрежи и мониторирајте ја неговата листа со пријателства. Со помош на одредени напредни програми, како Kaspersky Safe Kids, можете автоматски да ја надгледувате листата со пријатели и пораки на вашите деца, како и нивните телефонски и SMS контакти;

•  Запомнете, колку порано ги запознаете вашите деца со правилата на однесување – толку поверојатно е дека тие ќе се придржуваат до нив.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе