Научници открија колку часа сон се потребни за избегнување на пивски стомак

Ф.З.
/ 03.10.2023 / 08:38

Ако сакате да ја одржите вашата тежина или едноставно да ги намалите мастите во долниот дел на стомакот, треба да спиете околу 8 часа секоја вечер.

Имено, новата студија објавена во списанието Sleep Medicine ја истражуваше поврзаноста помеѓу недостатокот на сон и таканаречените висцерални масти, кои се акумулираат околу виталните органи и затоа се поврзуваат со метаболички болести и отпорност на инсулин.

Целта е да спиете минимум 7 часа навечер, а истражувањата покажаа дека еден час помалку дневно спиење може да ја зголеми масата на висцералното масно ткиво за околу 12 грама.

Најновото истражување опфати податоци од повеќе од 5.100 возрасни лица на возраст од 18 до 59 години кои одговориле на Националното истражување за здравјето и исхраната во САД од 2011-2012 и 2013-2014 година. Испитаниците обично спиеле околу 7 часа секоја ноќ, а просечната возраст била 37 години.

Наодите доаѓаат по долгогодишни предупредувања за опасностите од лишувањето од сон, како што се зголемен ризик од инфекција, стареење на мозокот, па дури и промени во однесувањето.

Само минатата година, експертите открија дека речиси половина од Американците страдаат од недостаток на сон. Во меѓувреме, извештајот на World Obesity Atlas 2023 проценува дека повеќе од половина од светот ќе биде со прекумерна тежина или дебелина до 2035 година.

Предизвикани од стрес или животни навики, како што се лошата исхрана или неактивноста, висцералните масти се особено штетни за целокупното здравје бидејќи може да доведат до дијабетес тип 2, срцеви заболувања, мозочен удар, рак на дојка, Алцхајмерова болест и многу повеќе, според Healthline.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе