Научниците мапираа 100 емоции на деловите на телото каде се манифестираат

Умот и телото се силно поврзани, а за тоа сведочат различни чувства и нивни манифестации. Колку и да делуваат слично некои чувства, постојат важни разлики кои научниците ги класифицираа на мапа.

Чувствата се интересна појава ако земеме предвид дека се создаваат во мозокот, а ги чувствуваме во различни делови од телото. На пример, љубов и тага. Двете емоции ги чувствуваме во различни делови од телото. Од друга страна, тука се и стравот и возбудата, две различни емоции коишто ги чувствуваме скоро идентично.

Сето ова е уште повеќе комплицирано да се објасни ако земеме предвид дека чувствата се субјективни и никогаш не можеме да бидеме сигурни дали и други луѓе се чувствуваат исто како нас. Заради тоа, научници од Финска ги мапираат емоциите по телото, за да откријат во кој дел од делото тие се манифестираат. Се испоставило дека повеќето луѓе истите чувства ги забележуваат на идентични места.

Научникот Лаури Нуменма од Универзитетот во Турку и тим од уште три фински  научници работеле на мапирањето емоции уште од 2014 година кога ја објавиле својата мапа со илустрирани 14 емоции.

Во новата студија успеале да мапираат 100 различни емоции, и ги ставиле во 6 категории: мисловен процесперцепција (вид и слух) хомеопатски чувства (глад и жед), физиолошки процеси (спиење и дишење), чувства поврзани со болести (кашлање и температура) и чувства поврзани со психијатриски нарушувања (депресија и анксиозност).

Повеќе од 1.000 учесници се испитувани низ три експерименти. Во првиот експеримент требало да оценат колку емоции се манифестираат на телото, колку во умот, колку интензивно успеваат да ги контролираат различните чувства.

Во другиот дел ги ставале чувствата по сличност, при што ги сместиле во 5 категории: позитивни чувства, негативни, когнитивни процеси, телесни состојби и болести и хомеопатски состојби (телесни функции).

Во завршниот дел од експериментот испитаниците имале за задача празен, безбоен цртеж да го извојат во делот во кој ја чувствуаат определената емоција. Некои чувства биле лоцирани на очекувани места- глад во стомакот, жедта во грлото а изненадувачки биле вината и очајот кои биле позиционирани во пределот на срцето, проследени со дел од главата и стомакот.

Научниците дошле до заклучокот дека секое чувство е единствено, уникатно, иако некои чувства делуваат слично.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука и технологија

Како туната од морските длабочини стигнува до нашите чинии?

Read more

Армија краби штитат робот од раи

Read more

Древни напредни цивилизации за кои веројатно ретко кој слушнал

Read more

Најопасното оружје во светот сепак не е нуклеарното

Read more
 

Видео

  • play_arrow

Фејл компилација - машки против женски

Читај повеќе
  • play_arrow

Питбул vs. Чивава

Читај повеќе
  • play_arrow

Како туната од морските длабочини стигнува до нашите чинии?

Читај повеќе
  • play_arrow

Идиоти ширум Европа - фејл компилација

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите фејлови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавно распоредување - неофицијалната комунистичка химна на Источна Германија

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл ферка: Америка - Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Идиоти на тркала - компилација

Читај повеќе
  • play_arrow

Армија краби штитат робот од раи

Читај повеќе