Живот

Научно докажано е кој лаже повеќе – мажите или жените?

14. јануари 2019 - 17:25 | А.С.

Освен полот и годините, и околината игра улога во одлуката дали неокј ќе ја каже вистината или не, откри една најнова научна анализа.

Едно неодамна спроведено истражување конечно го потврди она во кое жените одамна се сомневаат: мажите лажат повеќе од жените!

Во обемното истражување на научниците од институтот Макс-Планк, биле собрани податоци од 565 помали истражувања за лажењето во кои учествувале вкупно 44.000 испитаници.

Резултатите покажале дека годините и полот влијаат врз тоа колку често лажеме. Анализата беше објавена во стручното списание Psyhological Bulletin.

Во анализата на истражувањата спроведени во изминативе неколку години, научниците откриле дека најчесто лажат мажите и помладите луѓе.

Во истражувањата биле правени мали експерименти, како фрлање паричка. Секој испитаник требало да ја фрли паричката и да му го каже резултатот – петка или глава – на назначениот истражувач. Оној што ќе добие резултат „глава“, добива пари. На крајот на експериментот бројот на исходи „глава“ и „петка“ требало да биде отприлика ист за сите испитаници.

Меѓутоа, во речиси сите случаи, мажите почесто излажале дека им се паднало „глава“ за да добијат пари – мажите излажале во 42% од случаите, а жените во 38% од случаите.

Мажите почесто лажат бидејќи се повеќе подготвени на ризик

Ова би можело да биде едно од можните толкувања на резултатите од истражувањето. Мажите почесто ризикуваат да бидат „фатени во лага“ и затоа не се воздржуваат од лажење, за разлика од жените, велат научниците.

Исто така, на жените им е потешко да лажат ако со тоа наштетуваат некому.

Коментирај