Боинг 747 на новозеландска компанија, полета без проблем и помина речиси два часа во воздух, користејќи мешавина на стандардно авионско гориво и масло од овошје познато како јатрофа.

"Со мешање на обичното гориво за авиони и маслото од јатрофа, во однос пола-пола, добивме биодизел гориво кое моментално го тестираме на нашите авиони. Резултатите за сега се одлични и не забележуваме никаков прекин во работата на моторот на авионите" - тврди Ендрју Хердман, директор на здржение Asia Pacific Airlines.
Научниците открија дека со преминување од обично авионско гориво на биодизел гориво, штетните гасови при долги летови може да се намалат и до 65%, но и (од бизнис гледна точка најбитното) - значително да се намалат трошоците за гориво.
"Речиси 1.5 тони гориво би се заштедиле за лет долг 12 часа, а емисијата на јаглерод диоксид би била помала за околу 5 тони, што е речиси 60% помалку од количината која оди во атмосферата при стандарден лет" - објаснува Дејвид Морган, главен пилот во компанијата Air New Zealand.