Змија робот опремена со камера и микрофон во нејзината глава е најновото борбено оружје на иzраелската армија, пренесе The Jerusalem Post.
Змијата е долга два метри, прекриена е со материјал во воено-камуфлажни бои, може да ползи во пештери, тунели, пукнатини и згради, да се искачува по карпи и пренесува слика и звук до војникот кој ја контролира преку преносен компјутер.
Нејзините делови се поврзани со зглобови кои се флексибилни во повеќе насоки. Воените истражувачи ги проучувале вистинските змии за да ги копираат нивните движења.
Змијата робот е сеуште во експериментална фаза, но израелската армија планира да ја вклучи во борбените единици. Уште една нејзина улога би била пренесување на бомби до објекти со терористи и нивно активирање. Во тој случај, би била "змија самоубиец".