Големиот хидронски судирач (LHC) после долги поправки повторно ќе биде пуштен во функција, а со неговото рестартирање продолжува и трката за пронаоѓање на т.н. „божја честичка“.

После расипувањето на четири милијарди фунти вредниот LHC, се појави конкуренцијата за пронаоѓање на „божјата честичка“ во лицето на Fermilab, компанија од американската држава Илиноис,која располага со рака на срце послаба технологија од таа на CERN (Европска организација за нуклеарни истражувања). Сепак, откако европјаните дознаа дека Американците се неколку чекори поблиску до посакуваниот резултат, одлучија после рестартирањето на акцелераторот да ја стиснат педалата за гас - LHC ќе работи непрекинато до крајот на годината.
„Ќе ризикуваме и ќе го пуштиме во погон без запирање. Ова значи дека ако распоредот за оваа година ни заостанува за недела или две до крајот на годината, тоа нема да претставува ништо страшно. Проблемот е во тоа што досега, ваквиот начин на работа беше незамислив“, изјави велшкиот научник Др. Лин Еванс, која компетитивно им посака многу среќа на колегите од Fermilab, бидејќи „ќе им треба“.
Судирачот започнува со работа на крајот на септември. Нам ни останува само да се надеваме дека трката помеѓу научниците од двата континенти нема да заврши со пораз на двата тима :)