Јапонскиот сателит Selene последниве неколку месеци праќаше прекрасни фотографии од површината на Месечината во висока резолуција, но на 11-ти јуни, судејќи по сите докази, се сруши за време на праќањето на последното видео.
За жал несреќата се случи точно зад линијата на која започнува темната страна на Месечината, но на снимката може да се види како лета блиску до површината.
Деталите може да се видат во резолуција во која досега не биле видени, а така веројатно ќе остане до некоја друга снимка која ќе го следи падот на некое друго летало.
3Д филмот е направен на темел на набљудувањето кое е објавено некои 12 минути пред конечното срушување на сателитот, на патот на сондата према кратерот Gill.
ЈАXA објави и неколку фотографии снимени во очи на фаталниот удар.