Науката има одговор: Зошто сме зависни од телефон?

Како одговор на прашањето зошто ви е толку тешко да го оставите телефонот, одговорот во најголем број случаи би гласел – затоа што сте зависни од него. Што вели науката за ова?

Секој пат кога ќе го земете телефонот в раце сте навлечени на одвлекување на вниманието, како поради паметниот дизајн на тие уреди и апликации, така и поради напливот на допамин (хормон одговорен за чувство на задоволство и среќа).

Меѓутоа, науката нуди нешто поинакво, алтернативно објаснување. Дали е можно нашиот мобилен уред да нè привлече не затоа што сме зависници, туку затоа што се обидуваме да го избегнеме гласот во нашата глава?

Оваа „хипотеза за бегање од сопствените мисли“ има смисла, барем така велат резултатите од неодамнешното истражување на социјалниот психолог Тимоти Вилсон од Универзитетот во Вирџинија.

Неговиот тим составил група луѓе во соба од која биле отстранети сите предмети кои можат да го нарушат вниманието: телефони, пенкала, хартија и слично.

Луѓето во следните 15  минути седеле во собата, сами со своите мисли. Тимот на Вилсон открил дека повеќето луѓе од групата ова искуство го оцениле како досадно, односно искуство во кое ни малку не уживале.

Научниците потоа направиле друг експеримент, со тоа што на масата во собата ставиле уред кој им овозможил на луѓето да се „пецнат“ себе со мини струен удар.

Крајниот резултат е следниот, за 27 проценти од жените и 67 проценти од мажите фактот дека мора да престојуваат во соба сами со себе била толку неподнослива што одлучиле сами себе да се „пецкаат“ со струја. Еден човек тоа го повторил дури 190 пати.

Вознемирувачкиот исход од ова истражување е сознанието дека повеќето луѓе попрво би се повредиле себе си отколку да останат сами со своите мисли.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе