Науката издвои 25 најубави градови во светот според златен пресек

Често се тврди дека луѓето сакаат нешта и суштества чии пропорции се најблиску до златниот пресек. Дали е тоа случај и со градовите?

Ако има нешто на овој свет што навистина ѝ пркоси на квантификацијата, тоа е убавината. Но, тоа не ги спречува луѓето да се обидат да ја квантифицираат.

Еден од најпопуларните начини да го направите ова е да ги споредите податоците: должината и ширината на визуелната слика за да одредите колку се блиски пропорциите на набљудуваниот објект до златниот сооднос. Често се тврди дека луѓето се особено пристрасни кон нештата и суштествата чии пропорции се најблиску до таа граница.

Кога ќе помислите да измерите еден цвет или лице за да дознаете колку е „убаво“, изгледа изводливо, но обидот да му дадете естетска вредност на цел град е малку покомплицирано.

Аналитичарите на Online Mortgage Advisor го фокусираа своето истражување на архитектурата. Прво, тие направиле слики на Google Street View од градови низ светот и фотографии од стотици станбени улици и околу 2.400 иконски згради. Потоа ги пресметале пропорциите на сите тие згради за да откријат колку се блиску до златниот пресек.

Ако при планирањето на патувањето давате приоритет на математичкото совршенство, најдобар избор е Италија: Венеција го зазеде првото место со резултат од 83,3%, а потоа следи Рим со 82. Фиренца се најде на 13-тото место. Франција може да се пофали и со три градови во топ 25: Бордо, Париз и Стразбур.

Што е златен пресек?

Златниот пресек е математичко-структурен поим кој најчесто се поврзува со уметноста, бидејќи е најчесто користен во историјата на уметноста. Тоа е начин на делење на вредност со фактор од приближно 1,6.

Златниот пресек е композициски закон во кој помалиот дел е поврзан со поголемиот дел како што поголемиот дел е поврзан со вкупниот број. Во пракса, ако сакаме да поделиме нешто на тој начин, го делиме на 13 еднакви делови и потоа го делиме во сооднос 8:5, или пак го делиме на 21 еднаков дел и потоа во однос 13:8 итн. На колку повеќе делови делиме, толку сме поблиску до точниот златен пресек.

Комплетната листа на Online Mortgage Advisor изгледа вака:
  1. Венеција, Италија // 83,3%
  2. Рим, Италија // 82%
  3. Барселона, Шпанија // 81,9%
  4. Прага, Чешка // 78,7%
  5. Њујорк, САД // 77,7%
  6. Атина, Грција // 77,5%
  7. Будимпешта, Унгарија // 75,9%
  8. Виена, Австрија // 75,8%
  9. Бордо, Франција // 75,3%
  10. Милано, Италија // 75,1%
  11. Стокхолм, Шведска // 74,8%
  12. Париз, Франција // 74,7%
  13. Фиренца, Италија // 73,6%
  14. Тел Авив, Израел // 73,6%
  15. Копенхаген, Данска // 73,2%
  16. Маракеш, Мароко // 72,7%
  17. Чикаго, САД // 71,7%
  18. Амстердам, Холандија // 71,7%
  19. Берлин, Германија // 71,3%
  20. Истанбул, Турција // 70,2%
  21. Санкт Петербург, Русија // 69,2%
  22. Стразбур, Франција // 69,1%
  23. Дубаи, ОАЕ // 67,6%
  24. Мајами, САД // 63%
  25. Пекинг, Кина // 55,6%
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе