Науката потврди кој е убедливо најдобриот начин за слабеење

Б.С.Б.
/ 02.11.2021 / 14:25

Нова студија објавена во магазинот American Journal of Clinical Nutrition прецизно одвои кој е најдобриот метод за губење на тежина. Според оваа научна студија, може да ослабете така што ќе го ограничите внесувањето на преработени јаглехидрати и ќе се фокусирате на хранливи материи како влакна, протеини и здрави масти.

Со други зборови, не мора да јадете помалку храна, само мора да јадете поквалитетна храна, пишува Eat This.

Кога се обидуваме да ослабиме, интуитивно се обидуваме да внесеме помалку калории од тоа што го трошиме. Но, со оглед на тоа што килограмите продолжуваат да растат, овој традиционален совет за слабеење очигледно секогаш не функционира.

Токму за тоа дискутираа експерти од Харвард.

Тие наведуваат дека повеќе треба да се фокусираме на тоа што го јадеме наместо на тоа колку храна јадеме, ако сакаме да ги видите посакуваните резултати.

Значи, консумирањето високо рафинирани јаглехидрати со малку влакна и протеини стимулира хормонски одговор кој доведува до повеќе масни наслаги во телото. Исто така, во овој процес е можно посилно чувство на глад и побавен метаболизам.

Според оваа студија, се дебелееме затоа што јадеме повеќе храна која покренува одредени хормони поради што во телото се таложат премногу масти, а се јавуваат напади на глад.

Што треба да јадете?

Наместо за појадок да изедете парче бел леб со џем вашиот избор нека биде леб од цело зрно со малку авокадо или путер од кикирики.

Јадењето месо, јаткасти плодови, зрнесто овошје, јаболка, круши, широк спектар зеленчук може да ви помогне во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта. Со самото тоа ја контролирате и здравата тежина.

Што не треба да јадете?

Сите рафинирани житарки не се исти. Всушност, се смета дека опциите како ориз и обични тестенини имаат понизок гликемиски индекс, што значи дека побавно и помалку го креваат шеќерот во крвта во однос на другите намирници.

Од друга страна, треба да се ограничи консумацијата на бел леб, рафиниран шеќер, колачи, бонбони, газирани сокови, чипс, крекери и крофни.

Значи, ако сакате да ослабете избегнувајте храна од која шеќерот во крвта нагло и многу се покачува.

 

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе