Кошарка

НБА: Домашниот терен е тврдина кога во тимот го имате Леброн Џејмс

6. декември 2018 - 14:00 | К.З.

Пред десетина години натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс беше дуел на два тима кои се борат за шампионската титула. Тимовите повеќе не се тоа што беа, но мечот сепак предизвика интерес поради присуството на Леброн Џејмс во тимот на Лејкерс.

Лејкерс уште еднаш ја покажаа моќта на домашниот терен со победата над Сан Антонио Спарс со резултат 121:113 и стигнаа до 15-тата победа во сезоната.

Фантастичната партија на Леброн Џејмс му донесе нова победа на тимот на Лос Анџелес Лејкерс пред домашните навивачи. Тој го заврши натпреварот со 42 поени, 5 скока и 6 асистенции, притоа шутирајќи со 62,5% успешност од поле. Синоќа одличен натпревар одигра и Лонзо Бол, кој забележа 14 поени и 9 асистенции, но беше и повеќе од корисен во одбраната.

Сосем очекувано, тимот на Спарс беше предводен од Демар Дероузен, кој придонесе со 32 поени и 7 скока кои сепак беа недоволни за да се избегне пораз. Одлични партии одиграа и Руди Геј и Ламаркус Олдриџ – заедно постигнаа 52 поени и не промашија ниту едно слободно фрлање.

Останати резултати:

Кливленд Кавалирс – Голден Стејт Вориорс 105:129

Орландо Меџик – Денвер Нагетс 118:124 (по продолженија)

Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 117:131

Бруклин Нетс – Оклахома Сити Тандер 112:114

Торонто Репторс – Филаделфија Севентисиксерс 113:102

Мемфис Гризлис – Лос Анџелес Клиперс 96:86

Милвоки Бакс – Детроит Пистонс 115:92

Минесота Тимбервулвс – Шарлот Хорнетс 121:104

Њу Орлеанс Пеликанс – Далас Маверикс 132:106

Коментирај