НБА: ГС постигна 50 поени за четвртина, трипл-дабл на Леброн

По паузата за Ол-стар викендот синоќа продолжија возбудувањата во НБА лигата. Победи забележаа водечките екипи Голден Стејт, Кливлен, Хјустон, а одлично деби за новите тимови имаа Лу Вилијамс (Хјустон) и Демаркус Казинс (Њу Орлеанс). Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс против ЛА Клиперс одиграа една од најдобрите четвртини во историјата на НБА лигата во која постигнаа 50 поени.

Голден Стејт славеше над Клиперси 123:113, и го запишаа 48-от триумф во 57-от натпревар сезонава. Тие влегоа во историските книги на НБА лигата бидејќи во третиот период постигнаа 50 поени.

Последен тим кој успеа да дојде до вакво оставрување беше ЛА Лејкерс во 2014 година, кога на натпреварот со Њујорк во една четвртина постигнаа 51 поен.

Најдобриот тим во лигата го предводеше Кевин Дурент со 25 поени, 15 скокови и 7 асистенции, додека најефикасен во тимот беше Стеф Кари со 35 поени (6/10 за три).

Хјустон убедливо славеше против Њу Орлеанс 129:99, а одлична партија одигра играчот кој пред неколку дена во Хјустон пристигна од ЛА Лејкерс, Лу Вилијамс со 27 поени, погодувајќи седум тројки од 11 обиди. Вилијамс беше еден од шестмината играчи на Хјустон кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Во редовите на Њу Орлеанс со двоен ефект дебитираше Демаркус Казинс. Центарот кој дојде од Сакраменто мечот го заврши со 27 поени и 14 скокови, додека неговиот партнер во рекетот Ентони Дејвис со 29 поени беше најефикасен на натпреварот.

Леброн Џејмс со трипл дабл го предводеше Кливленд до победата над Њујорк 119:104. Седуммина играчи на Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени, а предводник беше Џејсм со 18 поени, 13 скокови и 15 асистенции, Кајри Ирвинг постигна 23 поени, а Кајл Корвер три поени помалку.

На другите натпревари Детроит со пресврт успеа да го совлада Шарлот 114.108, Портланд победи во Орландо 112:103, а Сакраменто го совлада Денвер со 116:100.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе