НБА: Симонс прв пик на драфтот 2016

Студентот на Универзитетот ЛСУ, Бен Симонс е избран како прв пик на годинешниот драфт во НБА лигата. Кошаркарот за кого стручњаците велат дека може да биде новиот Меџик Џонсон или Леброн Џејмс, професионалната кариерата ќе ја почне во екипата на Филаделфија.

Бен Симонс е роден 1996 година во Мелбурн, висок е 208 сантиметри, тежок 109 килограми, а во НБА лигата доаѓа по само една година мината на Универзитетот ЛСУ. Во првата сезона одиграл 33 натпревари со просек од 19,2 поени, 12 скокови и пет асистенции по натпревар.

Втор пик е Брендон Инграм, крилото на Дјук ќе оди во ЛА Лејкерс, а овој играч го споредуваат со Кевин Дурент, додека трет е Џилијен Браун кој е избран од страна на Бостон Селтикс.

Четврти пик на драфтот е младиот Хрват, Драган Бендер (роден 1997 година, висок 216 сантиметри), тој од Макаби ќе оди во Феникс. Најдобрите пет пикови ги комплетира плејмејкерот Крис Дан од Универзитетот Провиденс. Според стручњаците Дан е најдобриот плејмејкер во својата класа, може да стане новиот Џон Вол (Вашингтон Визардс), а неговото доаѓање во Минесота веројатно значи дека од овој тим ќе замине Шпанецот Рики Рубио.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе