НБА: Стеф Кари стигна до бројката од 15.000 поени во кариерата

Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата синоќа го постигна 15.000-от поен во професионалната кариера и стана само петтиот кошаркар кој успеал тоа да го направи носејќи го дресот на Голден Стејт Вориорс.

Со неговите 20 поени, Кари му помогна на неговиот тим да обезбеди победа пред домашната публика против тимот на Мемфис Гризлис. Конечниот резултат беше 110:93 и Вориорс стигнаа до 21 победа во оваа сезона.

Уште една вечер и уште една страница испишана во историјата на Голден Стејт Вориорс. Стеф Кари стана само петтиот играч на овој клуб кој стигна до бројка од 15.000 поени, а неговата специјална вечер беше крунисана со победата над Мемфис Гризлис. Одлична вечер одигра Кевин Дурент, кој мечот го заврши со 23 поени и 5 асистенции, додека Клеј Томпсон и Јонас Јеребко додадоа по 16 поени.

Играчите на Мемфис немаа решение во одбраната за моќниот напад на Вориорс, но тоа не значеше дека не се трудеа да обезбедат поволен резултат. Најдобар поединец кај гостите беше Омри Каспи со 20 поени и 6 скока, додека Марк Гасол додаде 15 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Останати резултати:

Детроит Пистонс – Милвоки Бакс 104:107

Њујорк Никс – Феникс Санс 110:128

Хјустон Рокетс – Јута Џез 102:97

Минесота Тимбервулвс – Сакраменто Кингс 132:105

Оклахома Сити Тандер – Чикаго Булс 121:96

Сан Антонио Спарс – Филаделфија Севентисиксерс 123:96

Лос Анџелес Клиперс – Портланд Трејл Блејзерс 127:131

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе