Не мора да јадете помалку јаглехидрати за да слабеете

А.С.
/ 29.07.2022 / 08:23

Многу луѓе ја популаризираат диетата со малку јаглехидрати како добар и правилен начин за брзо губење на тежината и одржување на здрав организам, но тоа всушност не е така.

Јаглехидратите генерално не се вистинската причина поради која се чувствувате лошо, ниту пак ве спречуваат да водите здрав начин на живот. Всушност, треба да ги јадете за да се зголеми ефикасноста на вежбањето и да се одржи чувството на ситост, тврдат нутриционистите.

Бек Милер, клинички нутриционист и основач на онлајн платформа која нуди совети за здрав живот и слабеење без глад и чувство на вина, даде неколку упатства за избор на најквалитетни извори на јаглехидрати.

Прво и основно, ако јадете јаглехидрати, тие мора да бидат богати со хранливи материи за да ве заситат долго време, да ви помогнат да ја одржите меморијата, концентрацијата, издржливоста и многу повеќе.

Ако се обидувате да го намалите внесот на нутритивно слаби јаглехидрати и да го зголемите внесот на богати, редоследот подолу може да ви помогне да идентификувате некои за кои можеби не сте верувале дека се особено добри за вас.

Бек Милер ги наброја следниве извори на јаглехидрати, од најнеквалитетни до оние со највисок квалитет:

- Крофни, кроасани, колачи, печива

- Оризови крекери и чипс

- Високо преработени житарки

- Кускус

- Бел леб, бели тестенини, бел ориз

- Пченкарни тортиљи

- Леб од повеќе видови житарки

- Кафеав ориз

- Компири

- Овес

- Булгур, киноа, хељда, јачмен, мешунки

- Повеќето овошја и зеленчуци.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе